Press24: Зад нас е успешна година - Новата нека биде уште подобра

Зад нас останува навистина успешна година. Во изминативе 365 дена страниците на Press24 ги посетија речи си 4,5 милиони уникатни корисници кои направија близу 100 милиони прегледи. Сумираме над 31 милион посети за 12 месеци со просечно траење на една посета од 3 минути и 38 секунди.

Бидјеќи скоро половина година го држиме врвот како најпопуларен македонски интернет портал, оваа година ќе се споредуваме со самите себе.

Во споредба со 2013 година, оваа година имаме над 700.000 читатели повеќе што е раст за повеќе од 20%.
Идентичен е и растот на вкупната посетеност, ако се има предвид дека лани за 365 дена регистриравме околу 26 милиони посети.

Во овие резултати македонските агрегатoри на вести учествуваат со вкупен удел помал од 10%. Најголем удел ма Time.mk реферал преку кој во 2014 година на Press24 пристигнале 1,7 милиони посети што е околу 5,5% од вкупниот број на посети за цела година. Следи Grid.mk со 700.000 посети или вкупен удел од 2,23%. Нд 1% е уште само агрегаторот Vesti.mk

Во годината што измина, за Вас креиравме скоро 50.000 нови содржини. Нашата фан страна на Facebook доби нови 80.000 фанови, а на Твитер имаме над 1500 нови следбеници.

Сето ова немаше да биде возможно без нашите традиционални партнери и поддржувачи. Редакцијата, уредувачкиот колегиум и менаџерскиот тим на Press24 изразува јавна благодарност до сите компании кои го препознаа нашиот труд и ја донесоа вистинската одлука, промоцијата на своите производи да ја направат преку нашите страници. 

Голема благодарност до сите над 4,5 милиони читатели од Македонија и насекаде низ светот кои го препознаа нашиот капацитет и решија најновите информации да ги црпат токму на оваа адреса.

Во годината што следи ветуваме уште понапорна работа. За 2015 година ја најавуваме новата, трета верзија на Press24 која ќе ги отстрани сите недостатоци кои ги имаше оваа и ќе ви овозможи брзо и едноставно да им пристапувате на содржините кои ве интересираат.
Во техничкиот дел, за следната година најавуваме нова надградба на хардверските капацитети на нашиот сервер што ќе ви овозможи побрзо прелистување на страниците, а нам, стабилно и долгорочно дружење со вас.

Од аспект на содржинскиот дел, најавуваме неколку нови проекти кои до сега не се видени на нашиот пазар. 

Ви ветуваме дека ќе останеме посветени во мисијата информациите да ви ги сервираме први. Да ги добиете веднаш штом ќе пристигнат до нас и тие да бидат во кратка и разбирлива форма. 

Редакцијата, уредувачкиот колегиум, менаџерскиот тим и сите соработници на Press24 ви ги честитаат новогодишните празници и ви посакуваат здравје, среќа и многу успеси во годината што следи.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега