Ќе летаат казни - внимавајте што правите на новогодишната ноќ

Во пресрет на новогодишната ноќ, Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните максимално да се воздржат од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства   

Покрај ова, на учесниците во патниот сообраќај им се порачува да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила, задолжително да носат зимска опрема и да не возат под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи информира дека како и досега ќе ги зајакне сообраќајните патроли, пред се на местата и објектите каде што ќе се организира пречек на Новата година.

Од страна на СВР Скопје е изготвен план за обезбедување, при што со одреден број полициски службеници ќе биде покриено целото централно градско подрачје, вклучувајќи ја и централната новогодишна прослава што ќе се одржи на плоштадот Пела, односно кај Порта Македонија.

Ќе бидат преземени мерки и за сообраќајно обезбедување, а по потреба сообраќајот ќе биде пренасочуван по улиците и тоа од улиците „11 Октомври“ и „Димитрије Чупоски“ и на потегот од крстосницата меѓу улицата „11 Октомври“ со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата од улиците „Димитрије Чупоски“ и „Даме Груев“ кај ТЦ „Палома Бјанка“.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега