Груевски: Со полна пареа продолжува градбата на патната и другата инфраструктура

Во полн ек се градбите на трите автопати и железницата кон Бугарија, но следната година, некаде летото, ќе почне и градбата на експресниот пат со четири ленти од Штип кон Кочани, и од Градско кон Прилеп, а кон крајот на 2015та и експресните патишта со 4 ленти од Охрид до Пештани и автопатот од Требениште до Струга.

Ова го изјави премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање.

-Ќе се заврши и експресниот пат Велес Штип до Кадрифаково, а очекуваме да најдеме концесионер и за автопатската делница Кичево-Гостивар, каде ако се биде во ред градбата би почнала во 2016-та. Ќе продолжат и градбите и реконструкции на други патни правци,меѓу кои и Миладиновци- Куманово, Неготино – Демир Капија, Велес – Катланово и повеќе други, изјави премиерот.

Во 2015-та, додаде тој, се очекув да почне градбата и на гасоводната мрежа од Куманово до Штип и да се обезбедат услови и за останататиот примарен гасовод низ Македонија.

-Секундарната гасификација во Скопје и скопско, со инвестиција од 100 милиони евра, како и секундарната гасификација во источна и западна Македонија е исто така дел од плановите за 2015-та, заклучи тој.

Премиерот изјави дека фокусот ќе остане и на изнаоѓање алтернативни извори за донесување поголеми количини гас за Македонија.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега