Спасов: Донирани 70 илјади парчиња облека и 10 илјади килограми храна

Во текот на денешниот ден и на почетокот на следната година ќе бидат донирани околу 20 илјади парчиња облека за згрижувачките семејства и за семејствата приматели на социјална парична помош, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

- Со тоа, оваа година ќе се донираат 70 илјади парчиња облека и 10 илјади килограми храна како резултат на измените што ги направивме во низа закони, овозможувајќи, наместо запленетата облека и храна од Агенцијата за запленет имот и Царината на Република Македонија да се уништува, да се става на располагање токму за најзагрозените и најранливите категории граѓани, рече Спасов.

Министерот Спасов и премиерот Никола Груевски денеска на децата во СОС Детското село им доделија новогодишни пакетчиња.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 14:48
Фото: 
вести

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега