Новогодишно обраќање на собранискиот спикер

На прагот од новата 2015 година би сакал за миг да се вратиме на годината која изминува. Со овие зборови спикерот Вељаноски го започнува своето новогодишно обраќање за јавноста.

Во продолжение следува интегрален текст од обраќањете на Трајко Вељаноски до јавноста

Лично убеден сум дека во изминативе дванаесет месеци имавме многу убави моменти и задоволства. Затоа во новата 2015 година на сите наши граѓани им посакувам пред се здравје и лична среќа.

Верувам дека ние сите со нашата посветеност, сплотеност и чесност кои се карактеристики на нашите граѓани, можеме во новата 2015 година да направиме многу и тоа за секој од нас поединечно, за нашите семејства и за Република Македонија. Посакувам во Новата година токму врз тие атрибути парламентот и парламентарната демократија да функционираат онака како што доликува на едно современо општество и европска држава, а Република Македонија и  цивилизациски и културно е дел од Европа.

Затоа посакувам и во новата 2015 година стабилна Македонија, поголем економски просперитет на сите граѓани и нека ни бидат здрави и живи семејствата.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега