Прилеп со милениумска торта од три метри ја испраќа 2014 година

Во чест на 1.000-годишниот роденден на Прилеп и во пресрет на Новата година денеска напладне на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ беше послужена милениумска роденденска торта.
 
Тортата долга три метри и широка 1,5 метар, ја направија прилепските слаткари.
 
- За милениумската торта која се приготвуваше 5 часа а учествуваа сите прилепски слаткарници беа потрошени 5 часа. Беа употребени 1000 јајца за 1000 години Прилеп, 200 килограми шеќер, 50 килограми маргарин. Изутрината на плоштадот на минус 9 степени ја украсувавме тортата и ни беше посебно задоволство, изјави прилепскиот слаткар Влатко Патоски. 
 
Градоначалникот Марјан Ристески со порака за убави желби ја делеше тортата на најмладите и на прилепчани на плоштадот пред големата бина каде вечер ќе биде организиран и пречекот на Новата Година.
 
Прилеп испраќа убава година во која прослави 1.000 години постоење и на симболичен начин ја испраќа годината со милениумска торта. Слатко да заврши и така да почне Новата година која треба да ни донесе убави нешта, рече Ристески.
 
Вечер прилепчани на пречекот на Новата година ќе ги забавуваат домашни музичари, ќе има наградна и гра и голем огномет.
 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 15:21
Фото: 
канал5

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа