Груевски: Продолжуваме со напорите за членство во ЕУ и НАТО

Во 2015 година ќе продолжиме со нашите напори за зачленување во НАТО и ЕУ, истакна премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.

Шесте препораки на ЕК за почнување на преговорите, според премиерот, се показател за нашата досегашна посветеност на ова поле.

- Немањето волја кај нашиот јужен сосед ниту да се најде решение за ова прашање, ниту пак да го дозволи нашиот влез во НАТО и преговори за членство во ЕУ, беа клучните причини за одлагањата кои ни прават голема штета. Претпазливи кон нашите национални интереси, и со огромна волја за напредок влегуваме во 2015-та година,  истакнува премиерот Груевски.

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега