Денеска минус 16 - во петок уште поладно

Времето денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Ќе дува умерен со повремено засилен северозападен ветер.

Минималната температура во интервал од минус 16 до минус 6, а дневната од минус 7 до нула степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Ќе дува слаб умерен северен ветер.

Минималната температура ќе достигне до минус 12 , а максималната дневна  до минус четири.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Во петок ќе биде студено, особено во утринските часови и ќе има појава на голомразица по патиштата.

Ќе дува слаб доумерен ветер од северен правец особено ќе се чувствува на повисоките места. 

Во сабота се очекува покачување на температурите, а во недела попладне се очекува и ново наоблачување со можни врнежи, но не се очекуваат поголеми количества. 

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега