Многу работа во 2015 - продолжува градбата на патната и другата инфраструктура

Покрај новите компании, растот на извозот, и градежништвото имаше и ќе има многу работа и во 2015-та, вели премиерот Никола Груевски во денешното новогодишно обраќање.

Во полн ек, истакнува, се градбите на трите автопати и железницата кон Бугарија, но следната година некаде летото ќе почне и градбата на експресниот пат со четири ленти од Штип кон Кочани, и од Градско кон Прилеп, а кон крајот на 2015 и експресните патишта со четири ленти од Охрид до Пештани и автопатот од Требениште до Струга.

- Ќе се заврши и експресниот пат Велес - Штип до Кадрифаково, а очекуваме да најдеме концесионер и за автопатската делница Кичево-Гостивар, каде ако се биде во ред градбата би почнала во 2016. Ќе продолжат и градбите и реконструкции на други патни правци меѓу кои и Миладиновци Куманово, Неготино-Демир Капија, Велес-Катланово и повеќе други, најавува премиерот. 

Во 2015-та, додава, се очекува да почне градбата и на гасоводната мрежа од Куманово до Штип, а да се обезбедат услови и за останататиот примарен гасовод низ Македонија.

- Секундарната гасификација во Скопје и скопско со инвестиција од 100 милиони евра, како и секундарната гасификација во источна и западна Македонија е исто така дел од плановите за 2015-та. Фокусот ќе остане и на изнаоѓање алтернативни извори за донесување поголеми количини гас за Македонија, вели премиерот.

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега