Соработката со граѓаните важна за побрза интервенција на полицијата

Соработката меѓу полицијата и граѓаните е важна и таа овозможува побрзо и посоодветно да одговориме на нивните барања и потреби, оцени денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Заблагодарувајќи им се на граѓаните кои со јавување на телефонскиот број 192 спречиле извршување на кривични дела, Јанкуловска апелираше граѓаните и во иднина да продолжат да пријавуваат случаи за кои сметаат дека се можни кривични дела.

Таа посочи дека благодарение на јавувањата од граѓани, спречено е самоубиство, обид за кражба на автомобил и напад врз едно лице. 

- Сите овие примери потврдуваат дека кога имаме соработка со граѓаните и меѓусебна доверба, ние сме поефикасни и побрзо и посоодветно може да одговориме на нивните барања и потреби, изјави Јанкуловска по посетата на Центарот за информации и команди при СВР Скопје, каде беше информирана за безбедносните состојби во текот на новогодишната ноќ.

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 14:44
Фото: 
вести

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега