Данска пратеничка со апел до Данците: Посетувајте проститутки!

 Данска пратеничка од антиимиграциска партија ги повика мажите од државата да претпочитаат услуги од дански проститутки за да придонесат за борбата против трговијата со луѓе.

– Мислам дека треба да се обидеме да ставиме крај на трговијата со луѓе и тоа значи дека подобро нашите мажи да не посетуваат странски проститутки, нагласи Пија Аделстен од Данската народна партија.

Инаку, Данска е единствената скандинавска држава каде е легализирана проституцијата.