Зоните ќе отворат најмалку 12.500 работни места

Изминатата 2014 година од аспект на странските инвестиции е најуспешна. Вкупно 13 компании донесоа одлука за вложување во Македонија и ги почнаа или објавија своите инвестиции.

Како што рече денеска директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски и развојни зони (ТИРЗ) Виктор Мизо, во компаниите во зоните се отворени дополнителни илјада работни места, а извозот достигнал 1,170 милијарди евра или 54 отсто повеќе од лани.

- Во 13-те компании кои одлучија да инвестираат во Македонија ќе се вработат над 12.500 лица. Моментно бројката на вработени е 3.500. Годинава се очекува нејзино зголемување, односно отворање на уште 400 до 500 нови вработувања, истакна Мизо на прес-конференција.

Според проценките, во 2015 треба да се зголеми и извозот за уште 10 до 15 проценти.

Мизо изрази задоволство што се поголем е интересот на странските компании за вложувања надвор од главниот град. Тоа, подвлече, и практично ќе ја реализира целта на Владата за рамномерен регионален економски развој.

Одговорајќи на новинарски прашања, директорот на Дирекцијата нагласи дека има најави за нови инвестиции и годинава, но ќе се почека до почетокот на февруари кога најверојатно самите компании ќе го објават планираниот инвестициски циклус.

Во првиот квартал од годинава се очекува да почне изградбата и на технолошко-инудстриската развојна зона во Делчево. На тој начин целосно ќе се заокружи проектот на ТИРЗ – во Македонија да функционираат вкупно 14 зони. 

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега