Погрешна пратка: Наместо банани супермаркет доби кокаин

Чуден настан се случи во дански супермаркет кога тој доби од Колумбија пратка кокаин наместо банани.

Вработени во супермаркет на Кооп биле изненадени откако при отворање пакет со банани од Колумбија пронашле околу 100 килограми бел прав при што веднаш пријавиле во полиција, која потврдила дека се работи за кокаин.

Во друга пратка од Колумбија вчера биле откриени и други пакети со бел прав во супермаркет во предградие на Данска. 

Полицијата во Данска започна истрага за случајот.

најчитано сега