"Добредојдовте на фестивалот на солзавецот" - саркастични графити осамнаа низ цела Турција

Во Турција осамнаа графити со саркастична содржина за режимот на премиерот Ердоган како „Добродојдовте на традиционален фестивал на солзавецот“, и „Ние сме искапени веќе три дена, прашајте ги водените топови“.

- „Погледнете што ни се случи заради 3-4 дрва“, „Забранија алкохол и народот се отрезни“, „Исјанбул“ (наместо Истанбул – од „исјан“ – во превод: Бунт). „Не се секирај мамо, не сум во првите редови, сите сме заедно“, „Не знам што да напишам, ама анархија, нешто така“ и „No recep, no cry“ се дел од графитите на демонстрантите на згради во реони на протестите.

Everyday I'm capulling или во превод Секој ден чапулирам - нов глагол создаден од демонстрантите, чиј корен е во турскиот збор – „чапул“ – крадење, грабеж. Зборот стана многу популарен откако Ердоган ги нарече демонстрантите capulcu (чапулџу) – крадци, уништувачи. 

ФОТО: Максим

најчитано сега