Шумски пожари го зафатија Колорадо - изгореа стотици домови

Илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови поради шумските пожари што брзо се шират во американската сојузна држава Колорадо, а едниот од нив се заканува да го зафати мостот Ројал Џорџ, кој со своите 291 метар височина е нејвисоки висечки мост во светот. 

Пожарот воедно оштети три згради досега.

Друг пожар, наречен „Блек форест фајар“, целосно изгоре околу стотина домови и зафати над 3.200 хектари површина.

Поради пожарот околу 900 затвореници од казнено-поправен дом во близина на Колорадо спрингс се пренесени во друг затвор. 

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега