Вевчани подготвен за традиционалниот карневал

Вевчани се подготвува за традиционалниот карневал за доаѓањето на Новата година според стариот календар,  кој со богата програма ќе трае од 9-ти до 14 јануари.

Ви тие денови ќе има промоции, перформанси, настап на КУД „Дримкол“ и концерти на музички групи, а централен настан е традиционалната карневалска поворка која ќе заврши со палење на маските на 14 јануари, кога завршува и Вевчанскиот карневал.

Главната музичка програма ќе се одржи на 12-ти и 13 јануари. На 12 јануари ќе настапи македонскиот бенд „Суперхикс“, а од регионот ѕвезда на годинашната манифестација е хрватскиот бенд „Прљаво казалиште“, кој во Вевчани ќе ги отпее своите најпознати хитови од 18 студиски изданија. 

Музичката програма на 13 јануари ќе ја предводи етногрупата „Љубојна“ со  Вера Милошевска-Јосифовска и Оливер Јосифовски, а гостите на Вевчански карневал таа вечер ќе ги забавува и фолк-пејачката Елена Велевска.  Старата нова година - Василица ќе биде пречекана со голем огномет.

Вевчанскиот е меѓу најпознатите карневали на Балканот кој се негува повеќе од 1400 години. Во деновите кога се слави доаѓањето на Старата нова година, Вевчани се претвора во голема отворена сцена, а настанот  секоја година дневно го посетуваат повеќе од 50.000 гости од Македонија и од странство. 

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега