ОДЛИЧНА ВЕСТ: Отстранет му е туморот на петгодишниот Давид - да му помогнеме повторно!

Петгодишниот Давид Домазетовски од Битола заздравува по двете извршени интервенции, но битката сѐ уште трае. 

Малечкиот битолчанец од 22 декември се наоѓа на Одделот за неврохирургија поради има тумор на мозокот, поточно изразен Hidrocefalus со голем тумор medulloblastoma ventr. IV. Hydrocephalus int.

Таткото на Давид се заблагодари на огромната помош и поддршка, пред сѐ од битолчани, но и за сите кои одвоија дел од своите средства или време да му помогнат на неговото синче.

Сепак, помошта сe уште е неопходна.

Може да донирате преку броевите за донација:

077/143-778- за корисниците на мрежата на ВИП

075/143-502- за корисниците на мрежата на ОНЕ

070/143-163- за корисниците на мрежата на Т-Мобиле, 

Комерцијална банка има сметка на Давид, во која директно на шалтер може да уплатите донација.

Отворена е сметка и за дијаспората. Сметката за пријателите од странство е IBAN MK 07300307062190557
BIC/SWIFT CODE KOBSMK2X

На Широк Сокак, кај трафиката спроти џамијата, веднаш до „Рудо Јагне” кај таксистите од денеска е поставена кутија за донации за Давид. Хуманитарните честитки изработени од дечињата на „Лајфстарт“ се уште можете да ги набавите кај „Арт Кафе”. 

Се замолуваат сите граѓани, кој колку може, за подмирување на огромните трошоци за лекување, да донираат за да продолжиме еден млад живот да живее!! 

Ве замолуваме да ја споделете оваа вест за да му помогниме на семејство Домазетовски!

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега