Предлог за поголема флексибилност во студирањето

Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, Нинослав Марина предлага студентите кои не го положиле првиот дел од државниот испит, којшто се полага по завршување на втората студиска година, да имаат право да ги слушаат предметите предвидени во третата студиска година.

Ова, како што е наведено во соопштението од Универзитетот, е во насока на подобрување на текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование и со цел да им се овозможи на студентите поголема флексибилност во студирањето.

Овој Предлог Универзитетот го достави до Министерството за образование и наука на Република Македонија за натамошно разгледување и одлучување. 

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега