Јанакиески: Се очекува отсечените места денеска да бидат пробиени

На состанок со Координативното тело на Кризниот штаб е заклучено дека денес треба најголем дел или скоро сите населени места кои поради снегот беа отсечени да бидат пробиени и да може нормално да функционираат,  а се очекува и снабдувањето со електрична енергија да биде решено во најкритичните места, истакна денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Јанакиески соопшти дека остварил контакт со повеќе грaдоначалниците каде што се уште има непробиени села.

-Дирекцијата за заштита и спасување помага во повеќе населени места и согласно акциониот план денес треба најголем дел или скоро сите населени места да бидат пробиени и да може нормално да функционираат истите. ДЗС ќе вложи максимални напори денеска сите села да бидат пробиени и да имаат нормална комуникација. Сите населени места во Р. Македонија или најголем дел од нив денес треба да бидат проодни, истакна Јанакиески.

 Министерот информираше дека во едно населено место во Маврово денес ќе се врши дотур на нафта за агрегатите, дел од нив користат агрегати бидејќи нема електрична енергија.

-Она што е значајно е дека се прават последните подготовки во пресрет на утрешниот снег, рече Јанакиески.

Министерот во текот на утрешниот ден ќе биде на терен се со цел да направи увид како се мобилизирани во Македонија пат за да нема пречки како минатиот пат.

- Денес службите на ЕВН ќе бидат на лице место бидејќи се прават последните подготовки за пуштање на електрична енергија на тој дел од Р. Македонија  кој е најкритичен во моментот со електрична енергија, истакна Јанакиески.

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега