Кадриу од ДУИ е некадарен за справување со снежните наноси

Гајур Кадриу наместо да преземе одговорност за неспособноста во справувањето со снежните наноси, излезе со изјава дека „Македонија Пат“ ги исчистила сите 4.300 километри патишта во државата под нејзина надлежност.

Но, сликата на терен покажува друго. Сообраќајот речиси по една недела од првите врнежи се уште се одвива под отежнати околности, Гајур Кадриу не може да ги исчисти патиштата и да воспостави контрола на теренот, пренесе Курир.

За „Македонија пат“ и Гајур Кадриу не само што не се премостливи планинските превои да ги исчисти, туку му требаа три дена за да воспостави нормален сообраќај и на автопатската делница Скопје-Велес.

Иако синоптичарите најавуваа снежни врнежи најмалку една недела порано, Кадриу не презема никакви подготвителни активности. Немаше никакви дежурни екипи со подготвена механизација на критичните места.

Патните правци за Охрид и Кичево станаа слепи црева и додека Гајур Кадриу чекашеНова година, неговата работа ја завршија механизациите на приватните фирми и општина Охрид со ресурсите кои ги ангажираше.

Во период кога има целосно завеани села и жители буквално заробени во своите домови, „Македонија пат“ никаде ги нема.

„Ги завеа снегот“

Очигледно, кадрите на ДУИ беа завеани од снег и станаа неспособни да си ја извршат својата работна должност. Така,  освен Гајур Кадриу снегот го завеа и градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари кој не помогна и воопшто не се ангажираше во справувањето со невремето. За скандалот да е поголем, тој ги обвини граѓаните дека не си чистеле пред сопствениот двор.

Очигледно на ДУИ веќе една недела не му ни паѓа на памет да побара одговорност поради неквалитетното справување со снегот и неспособноста на своите кадри.

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа