Крв на сите страни - пукање во близина на медицинското училиште во Тетово
Крвав ден се одвивал вчера во Тетово. Во 15 часот во полициската станица во Тетово, 41-годишниот А.Ј. телефонски пријавил дека со неговото возило се движи кон тетовската болница и го носи неговиот брат, 35-годишниот Е.Ј. кој бил повреден од огнено оружје во пределот на десната потколеница во близина на медицинското училиште во Тетово. Според податоците од полицијата, лицето веднаш било пренесено во Ургентниот Центар во Скопје. Увидна екипа од СВР-Тетово извршила увид на улицата „В.Вардарска“ каде на снежната подлога на улицата биле пронајдени траги од крв, кои се подигнати за вештачење.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа