„Реплек“ ги поздравува напорите на Владата за реформите во високото образование

Фармацевтската компанија „Реплек“ ги поздравува напорите на Владата за обезбедување законска основа во доменот на профилирање стручни и професионални високо образовни кадри од сите дејности.

- Тргнувајќи од стратешкиот план на нашата компанија за присуство на нашите производи како на домашниот, така и на што поголем број странски пазари, се наметнува потребата за обезбедување на сите дефинирани стандарди во однос на простор, опрема и стручен кадар, сметаме дека со предложените измени на новиот Закон за високо образование ќе се обезбеди продукција на професионален кадар кој би одговарал на потребите на нашата компанија во однос на сите професионални предизвици, со кои се соочуваме при тековното работење и контактите со европските партнери, соопшти компанијата.

Преку достапноста на професионални високообразовни кадри и континуираните инвестиции на компанијата во професионалниот кадар и производните капацитети, Реплек фарм ДООЕЛ Скопје, како што е наведено, ќе обезбеди уште повисоко место на европските и другите странски пазари, што претставува значаен репрезент на квалитет и професионалност во бизнис секторот кој потекнува од Македонија.

- Со предвидените законски новини во однос на воведување државен испит во сите области за студентите во текот на студирањето, полагањето ТОЕФЕЛ испит за наставниот кадар и објавување научни трудови со импакт фактор како суштински предложени измени би се обезбедила хармонизација на Законот за високо образование во Република Македонија со европски закони, со што би се поставила законска основа за продукција на квалитетен високообразовен кадар, кој своите знаења ќе ги применува во бизнис секторот. Истовремено, континуираната проверка на постигнатите студиски знаења ќе обезбедат конкуренција на пазарот на трудот, со што ќе се поттикне наставниот кадар во сите високообразовни институции за проширување на наставно - научната деност, се вели во соопштението на Реплек Фарм.

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа