Во Италија државниот испит е сигурност до знаење и чекор до вработување

Низа професори, речиси цела јавност и експертите го поддржаа концептот државен испит кој ќе го зголеми квалитетот на високото образование.

Курир разговараше со Матија Пертолди, студент на Факултетот за италијанска литература во Удине. Тој моментално работи како новинар во Италија.

Пертолди дава голема поддршка за ваков начин на проценка на квалитетот на знаење на студентите.

-Во Италија е сосема нормално да се има државен испит, потребни за вработување во иднина. На пример за адвокати, инженери, професионални новинари мора да се помине испит. Исто и кај нас се спроведува од страна на министерството. Исто е и во Рим, Милано и Удине. Со ова може да се осигурите дека нивото на образованието било добро. Пример, ако зборуваме за адвокатите, тие на крај на студирањето положуваат финален испит, а еден се полага и на крај на трета година. Мора да се поминат две години пракса, а на крај се полага испит кој е ист во цела земја. Ако не се положи тој испит, не може да се вработите, рече тој за Курир.

Образовниот систем во Италија важи за еден од најквалитетните во светот. И таму државниот испит е гарант за квалитетот на високото образование и ги отвора вратите кон иднината за студентот- дообразување и вработување.

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 14:04
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега