Преспанските,струшките и охридските критични населени места добија електрична енергија

Велестово, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Радожда, Долно и Горно Татеши и неколку други населени места во охридскиот, преспанскиот и струшкиор регион добија електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија во доцните ноќни и раните утрински часови ги отстранија дефектите на 35 кВ далекуводи. Сега се работи на санирање на помалите дефекти во ниско напонската мрежа.

Екипите се сега стационитрани на три преостанати точки каде треба да се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Се работи интензивно на потегот кај Пренков мост, Луково Поле и Жировница. Од утрово на терен во критичните места е и дел од кризниот штаб на ЕВН Македониај, членот на Управниот Одбор на ЕВН Македонија д-р. Игор Гиевски и тимови на инженери кои директно се вклучени во поставувањето на нова 10 кВ врска за селата од реканскиот крај.

„Отстранувањето на дефектите на потегот кон Бошков мост е најважната точка за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија на овие населени места. Ќе останеме тука да работиме се додека не обездеиме сигурно снабдување со електрична енергија на жителите на реканскиот крај, изјави Гиевски.

На потегот од Жировница до Бошков мост, снежното невреме и силниот ветер комплетно ја уништија дистрибутивната мрежа, и 35 кВ и 10 кВ далекувод. На овој потег се прави нова врска, за само еден ден се подигна сосема нов далекувод од 12 столба, и денес со специјализирани екипи и чамци се поставуваат два нови столба и се премостува врската низ езерото.

Трафостаницата Центар Жупа од вчера е под напон. Пуштени се 10 Кв изводи кон трафостаниците во селата во Центар Жупа. Од вечерва и поголем дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и ресенскиот регион добија електрична енергија. Нормализирано е снабдувањето во преспанските населени места Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Езерани и колекторот во Езерани, Љубојно, Долно Дупени, Лева Река. Во охридскиот регион електрична енергија добија Долно и Горно Лакочереј, Климештани, дел од Мешеишта и Требеништа. Во струшкиот регион нормализирано е снабдувањето во Љубаништа, Октиси, и Боровец. Во Делогожда екипите на ЕВН и жителите на овие села заеднички се пробиваат до завеаните столбови и ќе се работи додека не се нормализира снабдувањето. Во струшкиот регион од од вчера под напон се Калишта, Франгово, Радолишта, Феришта, Дреслаица, Мороишта, Ложани, Ливади, Биџево, Вевчани и Велешта.

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 14:06
Фото: 
канал5

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега