МОН се огласи за предлогот на ФИНКИ

Министерството за образование и наука информира дека предлогот на деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ Димитар Трајанов за работење на високо образовните установи во земјата според студиски програми кои делумно (60-70 отсто) би биле компатибилни со програмите на најдобрите европски и светски универзитети делува прифатливо и ќе биде предмет на дополнителна анализа.

- Предлогот на деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Димитар Трајанов е надополнување на првичната иницијатива на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде работењето според програмите на најдобрите европски и светски универзитети е повеќегодишна практика, истакнуваат од МОН. 

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 14:20
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега