Интеруниверзитетската конференција прифати дискусија за подобрување на високото образование

Интеруниверзитетската конференција попладнево ја прифати поканата за дискусија во насока на подобрување на високото образование.

interrrr

 

- Универзитетите во Република Македонија како членки на Европската асоцијација на универзитетите, Светската асоцијација на Универзитетите и потписници на Маgna Charta Universitatum, секогаш се залагале за квалитетно образование согласно европските и светски стандарди, се наведува во писмото од претседателот на Интеруниверзитската конференција Велимир Стојковски испратено како одговор на поканата од министерот Абдилаќим Адеми.

Како академска заедница, се додава во писмото, секогаш сме биле и ќе бидеме отворени и подготвени за разговор и дебата по сите прашања во насока на подобрување на квалитетот на високото образование.

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега