На кои патишта има забрана за тешки товарни возила?

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите. Поради ниските температури на повисоките места можна е појава на голомразица.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Жировница - Дебар - Струга.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега