Македонската филхамонија со концерт посветен на Божик

Македонската филхармонија ќе го одржи првиот концерт оваа година на денот на големиот христијански празник Божик.

На концертот насловен како Божикен ќе бидат изведени композиции од Јохан Себастијан Бах како што се „Синфониа“ од „Божикниот ораториум“ и неговата позната Оркестарска свита бр.3, како и „Божикниот концерт“ на Корели. Публиката ќе има можност да слушне и арии од Хендл, а за првпат ќе биде изведена и „Лаудате доминум“ од Моцарт. 

Како солист ќе настапи македонската оперска певица сопранот Сандра Митровска, а диригент ќе биде Борјан Цанев. Специјални гости се децата од хорот „Пиколо“ од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ кои под раководство на Весна Димчевска заедно со Македонската филхармонија ќе ја изведат познатата „Аве Марија“ на Качини.

Концертната сезона на Македонската филхармонија продолжува на 22 јануари кога ќе настапи јапонската виолинистка Акико Суванаи.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 10:43
Фото: 
вести.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа