Масовна поддршка за реформите во високото образование од страна на професорите

Масовно расте поддршката од страна на професорите за реформите кои ќе го подобрат квалитетот на високото образование.

осега вкупно 219 професори од Универзитетите во Македонија застанаа зад концептот државниот испит, но како што дознава Курир тој број постојано се зголемува.

Иницијативата ја почнаа и потпишаа 200 професори од сите Универзитети ширум Македонија.

Ова е листата на професори кои денес се приклучија на иницијативата.

доц. д-р Еустрат Жупа
проф. Д-р Никита Шекутовски
проф. Д-р Борис Крстев
доц. Д-р Александар Крстев
доц. М-р Ангеле Михајловски

проф.д-р Зоран Панов
проф. Д-р Соња Петровска
проф. Д-р Никола Камчев
проф. Д-р Снежана Мирасчиева
доц. Д-р Деспина Сивевска
доц. Д-р Дејан Маролов
проф. Д-р Биљана Коруновска
проф. Д-р Мирослав Димириески
проф. Д-р Гвероска Биљана

проф. Д-р Ана Корубин Алексоска
проф. Гордана Мицеска
д-р Ели Луческа
доц. Мимоза Богданоска Јовановска
м-р Марија Менкиноска
доц. Д-р Весна Антоска
доц. Д-р Татјана Калевска
доц д-р Елизабета Тошева

м-р Стела Босилковска
доц.д-р. Никола Тунтевски
проф.д-р Душан Спасов
д-р Доминика Рајчановска
м-р Татјана Блажевска
проф. Д-р Цветко Андреевски
проф. Д-р Ѓорѓи Манчески

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОДДРШКА НА ЗНАЕЊЕТО ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

1. Знаењето е основната движечка сила во секоја професија. Знаењето е клучната енергија што го движи светот напред. Како одговорни граѓани, не смееме да останеме неми пред обидите за тесна политичка манипулација на високото образование во Република Македонија.

2. Цврсто убедени дека воведувањето на државниот испит во високото образование ќе ја исполни основната и единствена цел заради која се воведува, со индигнација ги отфрламе сите инсинуации дека со воведувањето на државниот испит се правел упад во автономијата на универзитетот.

3. Автономијата на универзитетот секогаш била и мора да остане тесно поврзана со начелото на јавната одговорност на универзитетите во однос на заштитата и развојот на општеството и на државата.

4. Високото образование е неспорна државна одговорност! Европските трендови во однос на автономијата на универзитетите е дека таа може да биде одржлива единствено и само преку ефективните механизми на економската одржливост, која, пак, е зависна категорија од вредностите и услугите што универзитетите му ги испорачуваат на пазарот на трудот. Колку повеќе знаење во високообразовниот систем, толку е поуспешна државата! Современиот концепт на автономен универзитет е концепт на пазарно-ориентирана автономија! Република Македонија мора да го следи овој тренд! Друг избор не постои. Нема економски раст без соодветен раст на образованието! Не смееме да го премолчиме фактот дека суштината на модерната дебата за автономијата на универзитетот и академската слобода се врти околу прашањето за новите форми на одговорност што универзитетите ги имаат кон државата, кон општеството, како и посебната одговорност кон корисниците на универзитетските услуги. Универзитетите во модерниот свет се рамноправни, а не привилегирани институции во системот.

5. Предлог-моделот за воведувањето на државниот испит во високото образование не е спротивен на македонскиот устав и во ниту еден сегмент не ја повредува уставно-загарантираната универзитетска автономија. Државниот испит ќе го спроведува Одборот за акредитација и евалуација на високото образование кој што на ниеден начин не може да влијае на нарушување на автономијата на универзитетите бидејки се основа од основачот на државните универзитети. Основната цел на оваа мерка е подобрувањето на вкупниот квалитет на македонското високо образование во полза на студентите и на професорите. Не е добро ниту за студентите, ниту за државата да се произведуваат генерации на студенти кои формално имаат дипломи, но немаат суштинско знаење.

6. Со оваа иницијатива велиме „НЕ“ за бизнис интересите, профитерите и манипулациите во високото образование. Велиме гласно „НЕ“ за купените дипломи; „НЕ“ за оценките со протекции; „НЕ“ за нелојалната конкуренција во и меѓу факултетите и универзитетите, а големо „ДА“ за знаењето и за квалитетот во високото образование. Тоа е нашата мисија, но и нашата најголема обврска како одговорни чинители во високообразовниот систем. VIVAT ACADEMIA! VIVANT PROFESSORES!

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 11:23
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега