Снегот назад во езеро, и така скопјанишчана се капет!

Вчера напладне, околу 12 часот кога имаше најголема фрекфенција на гости во овој дел на градот, вработени во охридските јавни претпријатија со камион го чистеа снегот и за впечатокот биде комплетен со лопати го фрлаа снегот, заедно со песокот и целото ѓубре во езерото.Ова со слика и збор го пренесува порталот Охридпресс, кој коментира дека ова се случува откако задолените претпријатија за одржување на улиците, пет-шест дена ги оставија охриѓани и гостите да се снаоѓаат како знаат и умеат по градскиот кеј. 

Да се надеваме дека најавениот снег нема да ги „доизненади" одговорните, а целата оваа состојба наликува на историската изјава на еден струшки градоначалник, кој кога го запрашале зошто не се чисти снегот во градот едноставно рекол: “Господ го даде снегот, Господ ќе си го земе!“, коментира Охридпресс.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 12:02
Фото: 
охридпрес

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега