Вечерва доаѓа нов снежен бран - од утре повторно сибирски студ

Времето во Македонија ќе биде студено и со врнежи од снег. Ќе има услови за засилен северен ветер, а во јужните делови во пониските места прво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа и таму ќе поминуваат во снег.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА ВО САНТИМЕТРИ ИЗМЕРЕНА ВО 07 ЧАСОТ:
46 Маврови Анови, 31 Крушево, 28 Пожаране, 19 Тетово, 18 Ѓуриште, 17 Охрид, 16 Битола и Претор, 14 Тополчани, 13 Пожар, 12 Прилеп, 9 Скопје-Зајчев Рид, 6 К.Паланка, 2 Берово.

Минимални температури утринава: -6 Битола и Тетово, -5 Скопје Петровец, -4 Берово, Прилеп и Дебар, -3 Маврово, -2 Скопје-Зајчев Рид, К.Паланка и Д.Капија, -1 Штип, Струмица, Охрид, Претор и Крушево, 0 Виница, 1 Гевгелија и 2 степена во Дојран.

Во утринскиве часови времето е умерено до значително облачно, по одделни котлини е магливо, особено во Скопската котлина. Локално има појава на слаб дожд.

Времето денес: Променливо облачно со повремени локални врнежи, кои поради позитивните температури на повеќе места претпладнево ќе бидат мешани од дожд и снег, но слаби по интензитет. Поради брзо спуштање на студена воздушна маса од север, во текот на попладнето врнежите повремено ќе имаат умерен интензитет и ќе преминуваат исклучиво во снег. Овие врнежи ќе бидат позастапени во северните и западните делови од земјава, пред се во планинските подрачја каде се очекува снежната покривка да се зголеми за дополнителни 10 см. Околу пладне и попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на планините, а тоа ќе услови нагло опаѓање на температурата до крајот на денот. Максималната температура во земјава денес ќе биде во интервал од 2 до 7 степени, пренесе Локално.мк.

Во Скопје претежно облачно и магливо, до пладне со локални слаби врнежи од дожд и снег, а попладне повремено со умерени врнежи од снег. Во втората половина од денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне 3 степени.

По благото затоплување викендов, од утре повторно следуваат многу ниски температури. Утре и во вторник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со сончеви периоди, а во западните и северните делови се уште ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од среда ќе настапи целосно стабилизирање со сончево и студено време, со утрински температури кои ќе се спуштаат во интервал од -16 до -6, а дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата. Од петок ќе има затоплување.

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега