Нова голема акција на УЈП и полицијата: Затворени најпознатите скопски кафулиња, дискотеки и ресторани
Нова акција на МВР и инспекциските служби во скопските кафулиња, ресотрани и дискотеки. Во текот на вчерашниот ден направена е контрола во 13 објекти од кои кај 6 не се констатирани никакви неправилности. Станува збор за дискотеката XO на плоштадот во Скопје, кафулето АЛО АЛО во ГТЦ, кафулето Џубокс во Дебар Маало, ресторанот Чикаго, кафеаната Македонска Софра, клубот Станица 2.
Неправилности не се констатирани и во Кабаре ОКЕАНИК лоцирано на Партизанска но при извршеното легитимирање на 10 лица од страна на полицијата, кај четири лица заради констатиран прекршок од Законот за лична карта, се издадени 4 платни налози за глоба во износ од по 30 евра.
При контролата на “ТАО ДООЕЛ“ Скопје лоцирано на бул.“К.Ј.Питу“’ - Нова Железничка Скопје, при вршење на истата констатирано е дека објектот е претходно затворен од страна на Управата за јавни приходи.
За разлика од овие кафулиња, останатите имале сериозни проблеми со инспекцијата поради неправилности во работењето.
Клуч на врата во наредните 45 дена и казна од 5750 евра доби клубот Приорити. При извршената контрола се утврдени неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат согласно Законот за трговија - непоседување лиценца за работа, поради што е изречена глоба во износ од 2.500 евра и е донесено Решение за забрана за вршење дејност во рок од 30 дена, а од Управата за јавни приходи се утврдени неправилности по однос на неевидинтирање на дневниот промет на фискалниот апарат на правното лице, поради што од страна на Управата е изречена глоба во вкупен износ од 3.250 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице. Воедно и од Управата е донесено Решение за забрана за вршење дејност во времетраење од 15 дена.
Затоврено во наредните 15 дена ќе биде и Студио 54. При контролата инспекторите утврдиле дека не се почитува законот за заштита од пушење и дека не се евидентирале сметките на фискалната каса. Покрај клуч на врата, Студио 54 ќе треба да плати и 4500 евра казна.
Забраназа работа од 15 дена доби и скопскиот ресторан Три Фазана. Поради неевидентиран промет изречена е и казна од 3250 евра.
За истите неправилности 15 дена забрана за работа и 3250 евра казна доби и Пингвин Паб.
Ова е втора акција на полицијата за два дена. Вчера неколку познати скопски угостителски објекти исто така беа казнети и затворени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа