Алфите работат со полна пареа - привеле 3.696 лица

Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција - „Алфа“, во текот на минатата година извршиле легитимирање на 14.690 лица, преглед на 2.704 патнички моторни возила и по разни основи привеле 3.696 лица.

МВР соопшти дека по основ на телеграма, потраги, гласник, наредба од Основен суд приведени биле 700 лица, поради сомнение за извршено кривично дело - 483, за извршено кривично дело - 260, на лице место во вршење на кривично дело приведени се 113 лица, за издржување на казна затвор - 109, за утврдување на идентитет - 88, за држење недозволени предмети - 80 лица и 51 странски државјанин со нерегулиран престој во Македонија.

По нарушување на јавен ред и мир приведени се 545 лица, од кои 94 за физички напад, 267 за нарушен јавен ред и мир 267 и 184 за учество во тепачка. 

„Алфите“ привеле 44 лица со оружје, меѓу кои 12 со пиштол, по 15 со сингален пиштол и експлозивни и пиротехнички средства и двајца со пушка.

За поседување опојни дроги приведени се 731 лице, од кои 600 со непозната тревкаста материја , 94 со непозната прашкаста материја, 14 со непознати таблети, 19 со непозната течност и четири со непозната материја.

Со патнички моторни возила приведени биле 386 лица, 248 се по телеграма, 113 за сообраќаен прекршок, три поради сомнение за извршено кривично дело и 22 се водат како останато.

Со товарни моторни возила приведени се 63, а со моторцикли без документи 24 лица.

Во 154 случаи била давана асистенција од страна на „Алфите“ од кои 148 пати при вршење претрес на дом и други простории и шест асистенции по друг основ.

Единицата предала и 166 лица за нарушен јавен ред и мир, четири малолетници, по 27 сторители на кривични дела и пронајдени возила и 12 моторни возила.

Пронајдени и предадени биле 28 патнички моторни возила и четири мотоцикли, кои биле предмет на кривично дело, за сторен сообраќаен прекршок предадени била 307 лица, како и 507 странци со нерегулиран престој, 44 лица се предадени како останати случаи и 24 како обезбедување, а биле спроведени 50 лица. 

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега