МВР не запира со „борбата" против криумчарењето мигранти

Министерството за внатрешни работи во четири одвоени случаи поднесоа кривични пријави против четири лица К.К. (66), Г.С. (29) двајцата грчки државјани, М.В. (34), српски државјанин и И.А. (39) од село Лојане заради постоење сомневање за сторено кривично дело - “криумчарење мигранти“, по член 418-б став 2 од КЗ на Република Македонија.

Притоа откриени се 24 илегални мигранти, од кои деветмина од Сирија и 15 од Авганистан. На пријавените Судија од претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од 30 дена (на К.К., М.В. и И.А.), односно во траење од осум дена (на Г.С.).

Во првиот случај К.К. (66) од Катерини, Р Грција, на автопатот Куманово – граничен премин Табановце, поточно на м.в. клучка „НАТО“ во правец на с. Лојане од страна на Мобилната екипа за прекуграничен криминал било сопрен со возило марка „BMW“ со грчка национална ознака управувано и сопственост на К.К. при што во возилото биле пронајдени тројца илегални мигранти, државјани на Р. Авганистан, без документи за идентификација.

Во вториот случај од страна на полицаец од полициска станица за БПСА Демир Капија кај тунелите кај Д.Капија во правец Гевгелија-Скопје, при контрола на возило марка “Пежо 206“ со српски регистарски ознаки управувано од лицето М.В. (34) од Ниш-Р.Србија, во возилото се откриени  четири лица илегални мигранти од Сирија.

Потоа во третиот случај од страна кај наплатната рампа кај Градско, во правец Гевгелија-Скопје, при контрола на возило марка “Голф“ со грчки регистарски ознаки управувано од лицето Г.С. (29) од Солун Р. Грција, во возилото се откриени пет лица илегални мигранти сите од Сирија.

И во четвртиот случај на влез во с.Речица – Куманово, при контрола на возило “Фолксваген Шаран“ со кумановски регистарски таблички управувано од И.А. (39) од с.Лојане, откриени се 12 лица мигранти од Авганистан.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега