И битолските студенти со предлог до МОН

И студентите од Битола побараа да се полагаат барем третина од испитите од трета година без положен државен испит.

-Изминативе неколку денови до Министерството за образование и наука пристигнаа неколку предлози во врска со пакет измените во високото образование. Ние како студентски парламент при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, сметаме дека предлогот да се слушаат предметите од трета година иако првиот дел од државниот испит не е положен е прифатлив за нас. Исто така, се приклучуваме кон иницијативата на другите студентски парламенти и бараме освен да можат да се слушаат предметите од третата академска година, да можат да се полагаат барем третина од нив, велат студентите.

Тие додадоа дека ценат дека со ова би се зголемила флексибилноста, така што би постоел дополнителен период како студентите би се подготвиле за државниот испит, а притоа не би заостанувале со студирањето. 

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега