Ристовски: Покажавме конструктивност - сите понудени предлози ги прифатвме

За Министерството за образование и наука е прифатлив денешниот предлог  на студентите да можат да полагаат до една третина од испитите и без положен државен испит, истакна вечерва заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски при гостувањето во Дневникот на Сител. 

spiro

Ристовски рече дека со ваквите предлози, студентите овозможуваат уште поголема флексибилност, но и конструктивност во целиот овој процес.

-За министерството за образование и наука првично можам да кажам дека предлогот изнесен од страна на неколку студентски парламенти е прифатлив. Истиот ќе биде предмет на разгледување во следните денови, така да очекувам и овој предлог да биде дел од пакетот предлози кои што ги добивме од сите заинтересирани страни, рече Ристовски.

Тој нагласи дека очекува во наредните денови доколку се појават и други конструктивни предлози, МОН да ги разгледа и по однос на истите да се произнесе соодветно на предлогот, односно на идејата колку таа се вклопува во целиот систем на предложените реформи. 

 

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега