Студот попушта кон крајот на неделта: Какво време не чеканаредната седмица

Во Македонија во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени кратки сончеви периоди, но и со услови за слаби локални врнежи од снег и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 35км/ч. Утринските температури ќе се движат од -9°C до -1°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до -2°C односно до 6°C.

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди но и со услови за слабо провејување на снег. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од -5°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 2°C.

Во вторник во раните утрински часови и претпладне ќе има услови за врнежи од снег. Попладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и студено. Во текот на денот ќе има услови за слабо провејување на снег. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина до 35 км/ч.  Утринските температури од -11°C до -3°C, а максималните дневни температури ќе се движат од -4°C до 3°C.

Во вечерните часови и во текот на ноќта поради ниски температури ќе има услови за појава на голомразица.

По леденото утро во среда во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен  ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч, кој вечерните часови ќе слабее. Утринските температури од -14°C до -5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до -5°C односно до 3°C.

Во вечерните часови и во текот на ноќта поради ниски температури ќе има услови за појава на голомразица. 

Во четврток по леденото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и пораст на дневните температури. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од -13°C до -4°C, а максималните дневни температури ќе се движат од -1°C до 7°C.

Во вечерните часови и во текот на ноќта поради ниски температури ќе има услови за појава на голомразица.

Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста. Слаб ветер со променлив правец, а попладне и во вечерните часови ќе се засилува и ќе дува засилен северен и северозападен ветер. Утринските температури од -12°C до -3°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°C односно до 9°C.

Во сабота ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч.  Утринските температури ќе се движат од -9°C до 0°C, а максималните дневни температури од 1°C до 9°C. 

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега