Нема критични региони без струја низ државата

Низ државава нема критични региони без електрична енергија, остануваат само мал број села, кои се во високите планински предели и поголемиот дел се ненаселени, но се создаваат услови и во текот на денот ќе добијат и тие струја, истакна Игор Гиевски од ЕВН Македонија.

По состанокот на Координативното тело на Кризниот штаб за последиците по снежното невреме што денеска се одржа во Министертсвото за транспорт и врски, Гиевски истакна дека вчера попладне бил ставен во функција новиот далекувод, кој беше изграден изминатите два дена на потег Бошков мост - трафостаница Јанче, со неколку специјални столба околу Дебарското езеро.

- Од 19 часот, откако беше ставена под напон трафостаницата Јанче, почнаа да се пуштаат и 10 киловолтните изводи спрема населените места, при што уште синоќа поголемиот дел од селата добија струја, посочи Гиевски.

Во попладневните часови под напон била ставена и 35 киловолтната трафостаница Луково, при што почнале со пуштање на 10 киловолтните изводи кон селата од овој регион.

- Со тоа повеќедневната акција на екипите на ЕВН Македонија во кризните региони заврши, но продолжуваме и понатаму со максимален број екипи на терен да ги санираме сите последици кои настанале од невремето. Интензивно ќе продолжиме да работиме и денеска и наредните денови за санирање и на последните ситни дефекти, кои се јавуваат на низок напон, нагласи Гиевски.

Упати благодарност до граѓаните од кризните региони за разбирањето, екипите што работеле на терен, специјалните единици на МВР, како и на членовите на координативното тело. 

Дирекцијата за заштита и спасување, како што информира директорот Шабан Салиу, интервенирале при спасување на четири лица завеани од снежните врнежи во автомобил на патот Бошков Мост - село Лазарополе. 

- ДЗС спаси и четири деца и едно повозрасно лице завеани во село Гари, кои беа пренесени на безбедно место, изјави Салиу. 

Дирекцијата, додаде тој, интервенирала со 18 машини за чистење на снегот и со 14 камиони со околу 800 тони ризла на пунктовите на ЈП „Македонија пат

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега