Повторно снег низ Македонија: Еве каде вее во моментов

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови,наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во К.Паланка, Тетово, П.Шапка и Маврово.

На повисоките места поради ниските температури можна е појава на голомразица.

 Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Дебар – Струга.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на пат.правец Жировница – Дебар е укината во 09.30ч.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патнитеправци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,

 

како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега