И Пленумот јавно прифати дебатата да се одржи во Собрание

Дебатата за реформите во високото образование од хотелот „Александар Палас“ се префрла во Собрание. И Професорскиот пленум, кој се противи на реформите, јавно прифати дебатата да се одржи во Законодавниот дом.

Премиерот Никола Груевски денеска ги повика професорите кои се против државниот испит и реформите во високото образование да се приклучат на дебатата која беше закажана во хотелот „Александар Палас“.

По краткиот разговор, Груевски ги праша професорите каде сакаат да се одржи дебатата, бидејќи тие не се согласуваа истата да се одржи на закажаното место. Нивниот одговор беше дека сакаат дебатата да биде во Собрание, на што Груевски кратко им одговори “се гледаме во 13:30 часот на дебата во Собрание“.

МОН завчера ја упати поканата за дебата до Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и претседател на  Интеруниверзитетската конференција, и таа е прифатена, како што беше посочено, во насока на подобрување на високото образование.

Покрај членови на Интеруниверзитетската конференција, МОН на дебатата покани и по пет професори кои во јавноста изразиле забелешки и несогласување со реформите и по петмина професори кои ги поддржуваат реформите во високото образование кои ги иницираше Владата. 

Целта е да се слушнат повеќе мислења, а професорите, наведува МОН, ќе ги определи самата Интеруниверзитетска конференција.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега