Премиерот го збунил професорскиот пленум - по консултациите со СДСМ професорите побегнаа од дебата

Професорите кои се против државниот испит и реформите во високото образование се целосно дезориентирани откако премиерот Никола Груевски денеска ја прифати нивната иницијатива дебатата наместо во хотелот Александар Палас да се одржи во Собранието.

Професорите од Пленумот пред камери побараа од премиерот Груевски дебатата да не биде во хотел, по што следеше објаснување од премиерот дека „Александар Палас“ е одбран како неутрално место и им предложи ако им пречи тоа место, доколку сакаат да дојдат во Собрание на дебата.

Тие пред камерите се согласија до дојдат во Собрание за да дебатираат но по координацијата, најверјоатно со СДСМ, тие се појавија пред Собранието и рекоа дека се збуниле и дека не сакаат дебата.

“Дојдовме да дадеме изјава овде пред Парламентот откако со невидена импровизација Премиерот не покани тука пред камерите, а ние се збунивме и ја прифативме поканата. Остануваме на ставот дека дебата ќе има кога законот ќе биде повлечен.“ - вели професорката од ПЛенум, Маја Стефановиќ.

„Јас сум подготвена за дебата со премиерот но со Устав пропишана процедура“ - изјави професорката од Правен, Гордана Силјановска

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа