Груевски: Спремни сме да прифатиме измени ако нешто сме згрешиле, се уште има време за тоа

Треба да се разговара и да се подобрат работите, согласен е ректорот на Велимир Стојковски.

„ Треба да се разговара и да се подобрат работите. Можеби треба да се размислува и да се донесе нова закон за образование со вметнатите измени кои се направени до сега. За Болоњскиот процес не е крив ниту министерот, ниту универзитетот. Секој си го толкува како што сака. Имаме индиција која е заедничка. Да имаме поквалитетно образование. Никој не е против промени но потребна е подолготрајна дебата“ рече денеска ректорот на УКИМ Велимир Стојковски.

Премиерот рече дека не дошол на средбата за да ја одложи дебатата.

“Дојдовме за да аргументираме со факти и со докази“ - рече Груевски.

 

На барањето на ректорот да се одложи актуелната дебата и да трае подолго, премиерот реплицираше дека дебатата трае уште од октомври.
“Ние уште тогаш испративме допис до универзитетите. Не знма за кој закон подолго се дебатирало. Јавното излегување на професори, студенти, министри, се е дебата. Ние ги слушнавме сите аргументирани ставови. Имаме одговор за се. Дел од тие забелешки прифативме, а дел не затоа што имаме аргументи.
Спремни сме да прифатиме измени, ако нешто сме згрешиле. Се уште има време за тоа“ - рече Груевски

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега