Ректорот Стојковски: Факт е дека се потребни промени

Ректорот на скопскиот универзитет Велимир Стојковски на дебатата за реформите во високото образование која во моментов се одржува во Собранието рече дека потребни се промени во високото образование и тоа е факт.

- Треба да се разговара за да се подобрат работите. Можеби треба да се размислува да се донесе нов закон за образование со вметнати сите измени до сега. За болоњскиот процес не е крив ниту министерот, ниту универзитетот. Секој си го толкува кој како сака. Имаме индиција која е заедничка, да имаме поквалитетно образование, рече Стојковски.

Ректорот нагласи дека никој не е против промени, потребна е подолготрајна дебата.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега