Казнети неколку познати скопски локали

СВР Скопје во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат вчера извршија контроли во вкупно 14 угостителски објекти.

Во пет угостителски објекти не се детектирани никакви неправилности, соопшти денеска МВР. Тоа се „ДУТУ ИНТЕРМЕЦО МКД ДООЕЛ“ на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ДТУ „ТАВЕРНА ЕЛИ ДООЕЛ“-подружница гостилница ДУКАТ лоцирано на ул. „Димитрие Чуповски“, ДПТУ „ЈКЈ-2013 ДООЕЛ“ - кафе бар ДАВИДОВ на ул. „Петар Чајковски“, ДТУ „Попчев Сиј ДООЕЛ“ Скопје, кафе бар БАЈ-Д ВЕЈ со седиште на ул. „Павел Шатев“ и во угостителски објект „ПЈАЦА ЛИБЕРТА ДООЕЛ“ на ул. „Димитрија Чуповски“.

Во угостителските објекти „ВОДЕНИЦА“, „Штала“ и „СОКАЧЕ“ не била извршена контрола бидејки објектите биле затворени, односно не се обавувала дејност.

Во угостителскиот објект „ДПТУ ИНТЕР КОРП ДОО“ Скопје - кафе бар Круг на ул. “Јуриј Гагарин“ од страна на УЈП не се констатирани неправилности. Но, од страна на ДПИ, констатирано е дека во затворената тараса се пуши за што е изречена глоба од 1.250 евра за правното лице и одговорното лице по Законот за пушење, а од страна на полициски службеници издадени се два платни налози спрема две физички лица од по 150 евра по Законот за пушење.

И во ДТУУД „СТЕНИК ДИОН ДООЕЛ“ Скопје-гостилница ДИОН лоцирана на ул. „Кеј 13 Ноември“, од страна на УЈП не биле констатирани неправилности. Од страна на ДПИ било евидентирано дека во моментот на контролата не поседува нормативи за послужување храна за што издадено е задолжение да ги достави на 05.01.2015 година во просториите на Државниот пазарен инспекторат, во спротивно следи постапка за порамнување согласно чл. 69 каде е предвидена глоба од 1.200 евра за правното лице и 300 евра за управителот, додека пак согласно Законот за угостителска дејност немало доказ за промена на категоризација на угостителскиот објект, па е изречена мерка - едукација.

Во контролата на „ТРЕНД ПЛУС ТУТУ ДОО“ Скопје на ул. „Никола Вапцаров“ исто така од страна на УЈП не биле констатирани неправилности, додека од страна на ДПИ е констатирано дека во затворената тераса се пуши за што е изречена глоба на правното лице и одговорното лице во износ од 1.250 евра, а од страна на полициски службеници изречени се глоби од 150 евра на три физички лица затекнати како пушат во објектот-затворената тераса, за што им се издадени платни налози.

Во „ДУТ БАЈ ПАС ДООЕЛ“ Скопје- на бул. „Партизански Одреди“ при извршената контрола се утврдени неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат и тоа пушење во објект – тераса која што е заградена со пластична фолија и покриена со тенда, односно херметички затворена од сите страни, за што од страна на ДПИ е издаден платен налог и изречена глоба во износ од 1.250 евра во денарска противвредност, а од страна на ПС издаден е платен налог за едно лице за сторен прекршок од Законот за заштита од пушење и изречена е глоба од 150 евра.

Како што стои во соопштението од МВР, во „ДТУУ СТУДИО ЏАТЕ“ лоцирано на бул. „Јане Сандански“ при извршена контрола од страна на инспекторите од УЈП било констатирано неиздавање фискални сметки и за тоа е изречена глоба во износ од 3.250 евра, од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице, како и Решение за забрана за вршење дејност во предметниот објект во времетраење од 15 дена.

Во „ДПТУ МЗ ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП ДОО“ увоз-извоз Скопје-ресторан АРАБЕСКА Скопје лоциран на ул. „Никола Вапцаров“, се подвлекува во соопштението, при извршената контрола од УЈП заради нерегистрирање на дневниот промет на фискален апарат изречена е глоба во вкупен износ од 3.250 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице на правното лице во денарска противвредност. Од ДПИ поради констатиран прекршок од Законот за заштита од пушење изречена е глоба во вкупен износ од 1.250 евра за правното и одговорното лице.

Инаку, во изминатите три дена вкупно беа контролирани 40 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје при што на 17 угостителски објекти од страна на УЈП и ДПИ им беа изречени глоби во висина од околу 40.000 евра во денарска противредност, а исто така глоби согласно Законот за пушење им се изречени и на десетина гости затекнати со цигари во објектите, спротивно на законските одредби. Покрај ова на осум објекти од страна на инспекциските служби им се изречени решенија за времена забрана на дејноста во траење од по 15 дена, освен во еден случај каде што од страна на ДПИ беше изречена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега