Одбор за акредитација ќе го спроведува државниот испит, а не државата

На денешната дебата за реформите во високото образование, која во моментов тече во Собранието на РМ, премиерот Никола Груевски истакна дека државниот испит ќе го спроведува посебен одбор од професори, избрани од Собранието.

 

- Не е точно дека државата ќе спроведува државен испит, тоа ќе го прави одбор за акредитација составен од професори. Државниот испит ќе биде организиран од одборот, чии членови се избрани од Собранието, а не од Владата. Тоа дека државата сака да ги оценува студентите е политичка флоскула. Тоа не е така, тука не се руши автономијата, посочи Груевски.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега