ВИДЕО: Шах-мат од Груевски за таканаречениот професорски пленум

Професорите од таканаречениот Пленум кои се против реформите во високото образование си го погазија зборот даден само пред половина час, кога пред хотелот Александар Палас побараа дебатата наместо во хотел да се одржи во Собранието на Република Македонија.

Govor-cemerski

Премиерот Никола Груевски ги прифати ваквите барања на “пленумците“ и им порача да дојдат на местото кое самите тие го бараа за да учествуваат во дебатата, односно во 13:30 часот во Парламентот. Професорите од Пленумот се појавија пред СОбранието, но не влегоа да учествуваат во дебатата кои самите ја бараа.

После овој скандал и недозволиво однесување на професорите станува јасно дека Пленумот не сака дебата и не сака дијалог, односно станува збор за тело кое има единствена цел да ја поддржува политиката и агендата на СДСМ, а со тоа наместо во интерес на образованието да работи за тесните политички интереси на една партија.

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање на дебатата рече дека Македонија мора својата иднина да ја гради врз база на знаењето.

-Имаме системски проблем со квалитетот на знаењето во образованието. Не сакам дипломите да станат предмет на цена. Ние немаме избор. Немаме природни ресурси како нафта и гас, образиванието мора да биде наш најсилен ресурс. Јас не мислам дека насите професори се неспособни. Свесно влеговме во ова за доброто на сите. На краток рок ќе се наруши комодитетот на могу луѓе, но на долг рок ќе даде резултати, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега