Груевски: Остануваме отворени за предлози

 

Јавната дебата продолжува а нови предлози може да се прифаќаат и во двете години кои остануваат до примената на законот за високо образование, порача во Дневникот на Сител премиерот Никола Груевски. Груевски е задоволен од денешната јавна расправа од која очекува да бидат усвоени повеќе предлози.

„Во 20 часот вечерва имаме состанок на кој ќе видиме што може д асе преземе од денешните предлози од расправата со интеруниверзитетската конференција. Имаше предлог не една третина туку половина од испитите од трета да се полагаат без положен државен. Тоа веднаш го одобривме. Па ние за кого работиме? За студентите, за професорите, за сите. “, рече Груевски, 

„Ова е крупна реформа. Секогаш може д а се најде нешто да се дополни за да биде подобро. До примената имаме уште 2 години. До тогаш веројатно ќе има и нови подобрувања. Јас реков денеска- идеите кои ќе дојдат сега ќе влезат во самиот текст, но и понатаму ќе има простор за промени“, вели премиерот. 

 Груевски  вели  дека јавната дебата трае веќе три месеци а целта е да се слушнат и преземат сите добри и конструктивни предлози.

„По долга подготовка во октомври ја информиравме јавноста а веднаш потоа и универзитетите. Министерот испрати писмо со информации. Ако не сакавме дебата тоа ќе го сторевме во декември. Сечија идеја сечиј предлог е добредојден. Министерот за образование и заменикот со нивниот тим одеа од универзитет во универзитет. Ги чувме мислењата, доставија и на писмено ништо. Имаше денеска сериозна дебата. Имаше поддржувачи имаше и критика, се дава идеи“, рече Груевски.

 Тој изрази жалење што дел од професорите одбија дебата иако и самите ја бараа. 

 „Мене ми е жал што професорите кои најмногу се истакнаа во спротивставување на реформите предложени од владата на крајот одбија да дебатираат. Јас дојдов, ги замолив да дојдат, законот не е донесен, има можност за амандмани, за дебата, за се. Ништо не е завршено. Дури да се случи и дека нема простор за амандмани можеме и д аго повлечеме па повторно да го вратиме во процедура ако има вистински аргументи“, рече Груевски.

 

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега