Симона Јандревска: Реформите се на место и се во вистински момент

Студентката Симона Јандревска вели дека како студентски правобранител имала можност две години да гледа зошто Македонија има потреба од реформи во високото образование и зошто таа ги поддржува истите.

-Искрено сметам дека реформите за кои се залага моментално Владата се на место и се вистински момент за нас младите, вели Јандревска.

За време на праксата во Франција и Германија таа вели дека се соочувала со проблеми токму поради немањето на државен испит.

-Сите практиканти кои беа примени со мене во Дојче банк, беа примени врз база на поените кои ги имаа остварено од државниот испит. Сите до еден универзитети ги пласираат резултатите од државниот испит во Министерството за образование од каде што банките и другите корпорации директно си ги повлекуваат студентите. Јас им бев исклучок и тоа само затоа што ја уважија мојата државна матура од средно образование, вели Симона.

Таа во банката добила одговор дека не можат да соработуваат со професори за кои не може да прочитаат како објавуваат и не можат за нив да најдат ниеден труд и не можат да поддржат кандидат од професори кои не објавуваат научни трудови.

Според Јандревска проблемот лежи во тоа што, како што вели, „ние како студенти сме научени да си поминуваме полесно затоа што сме научени дека по добивањето на конечната оценка нас веќе ништо друго не не следи“

-Јас бев онеспособена поради тоа што моите професори не објавувале редовно во ниедна дата база и дата базата на Дојче банк неможеше на ниеден портал да ги најде ниту како активни, ниту како заслужни за придонесување на науката и слично, а тие се професори повеќе од 10 години на факултет. Јас сметам дека за повеќе од десет години два, три, пет труда може да се објават ако веќе имаат објавено и учебници. Во име на студентите прво одговорни се професорите, потоа и Владата за подигнување на општественото добро. Треба да ни се овозможат сите можности за ние дополнително да напредуваме. Ако ние сме авангардата на ова општество тогаш ние треба да имаме стабилна основа, смета студентката Јандревска.

 

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа