Диктатурата на опозицијата

По денешниот дебакл и фијаско на таканаречениот Професорски пленум, опозициските портали финансирани од Соросовата фондација во земјава на секој можен начин се обидуваат да го исперат срамот на кој денеска беше сведок цела јавност.

Најгласните професори кои се против реформи во високото образование денеска класично избегаа од аргументиран дијалог, иако првично прифатија да се појават на местото кое самите го побараа, Законодавниот дом. Откако паднаа маските и на сите им стана јасно кои се всушност мотивите на Професорскиот пленум, медиумите на СОРОС и СДСМ сега со класични манипулации се обидуваат да ги “исперат“ пленумците од фијаското кое го доживеаја.

Целосно неточни наслови, полувистини и полуинформации можат да се забележат на дел од опозициските медиуми кои се обидуваат да ја прикријат вистината и настанот денеска кој е од суштинска важност за мотивите на Професорскиот пленум како воопшто да не постоел.

Излезе на виделина диктатурата на оние кои секојдневно говорат за некаков “режим“ и “диктатура“. Манипулациите не можат да ја сокријат вистината и фактот дека професорите денеска избегаа од дебата, иако самите пред камери ветија дека ќе дојдат на истата на нивното посакувано место.

По неколкуминутни политички консултации, професорите си го погазија зборот, најверојатно по добиени инструкции од центарот чии интереси ги бранат и застапуваат. Откако маските паднаа, станува сосема јасно дека таканаречениот Пленум не е ништо друго, туку само инструмент на СДСМ и СОРОС, чија единствена цел е да ја поддржува политиката и агендата на слабиот и неинвентивен СДСМ, а со тоа наместо во интерес на образованието да работи за тесните политички интереси на една партија.

Веќе нема дилеми дека пленумот не сака решенија, не сака аргументиран дијалог и не сака квалитет. Бегајќи од дебата за реформите во високото образование професорите“пленумци“ го покажаа вистинското лице и за кого всушност одработуваат.

glas

По дебаклот, опозициските медиуми сега се обидуваат да ја прикријат вситината пласирајќи класични дезинформации, манипулации и полувистини. Дел од нив е и „Гласот на Америка“, чиј наслов може да се опише само како патетичен, пишувајќи дека „Во Македонија се најавувала граѓанска непослушност“

- Професорите од Пленумот повторно порачаа дека е можна граѓанска непослушност и протести, ако законот се усвои без дебата во предложената форма, пишува „Гласот на Америка“. Овој медиум е само еден од низата опозициски медиуми кој ја навредува интелигенцијата на народот, пласирајќи класична манипулација, бидејќи денеска јасно се виде кој е за дијалог, а кој бега од истиот и си го погазува зборот.

Ова ли е слободното новинарство на опозицијата, кога сите медиуми кои се под нејзина контрола оркестрирано и од еден центар контролирано се обидуваат да ја манипулираат јавноста. Дел од нив, како на пример Нова ТВ, дури излезе и со информација дека професорите го одбиле повикот за дебата, што секако претставува врв на манипулацијата.

nova

Покрај Професорскиот, ниту Студентскиот пленум нема алиби за бегството од дебатата, бидејќи непосредно пред нејзиниот почеток, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев јасно стави до знаење дека студентите се добредојдени на дебатата.

-Од самиот формат кој беше предложен за средбата, може да се види дека никаде не постои забрана за присуство на студенти на истата, и доколку Интеруниверзитетската конференција цени дека е потребно тогаш тие слободно можат да вклучат членови на студентите во својата делегација и ние ги охрабруваме тоа да го направат и да вклучат и студенти кои не се согласуваат со реформите и студенти кои дадоа поддршка на истите, истакна портпаролот Ѓорѓиев.

И покрај низата невистини објавени од опозициските портали, вистината не може да се скрие. Од дебата денеска избегаа оние кои секојдневно повикуваа на истата. Самите го избраа местото, првично прифатија, па по неколкуминутна политичка консултација избегаа од аргументиран дијалог.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега