Попоски: Крајна цел на полагањето испит е подобрување на образованието

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој исто така присустува на дебата во Собранието на Македонија каде што се расправа за реформите во високото образование вели дека стратувањето од полагање испит е природна реакција.

- Но, што е со нашата крајна цел? Ако сите се согласуваме дека крајна цел е подобрување на образованието, тогаш тоа не треба да биде проблем. Во вашето оценување се вклучува некој што не Ве знае, тој е пообјективен. Јас тоа сум го почувстувал во странство, бидејќи се соочуваме со реланост и со реалните знањеа. Во Франција, на одредени школи поминувате две години подготвителна школа за да полагате приемен испит за да влезете на Универзитетот. Таму полагањето вакви испити е рутина и секојдневние, истакна Попоски.

Сведоштво е дека никој до сега не пател од аспект на студент, рече Попоски, бидејќи бил дополнително тестиран.

-Ова треба да си го врземе како некој капитал, кој ќе не направи поконкурентни на пазарот, додаде министерот.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега